Жените во Саудиска Арабија сега можат да возат велосипед но, само во круг!
Возејќи го велосипедот жените во Саудиска Арабија мораат да останат во кругот на паркот, покриени и во придружба на машки роднини.
“Al-Yawm” ја објави веста за ова “ослободување на две тркала” како некој вид на зголемување на просветеноста во друштвото. Измамата е во тоа што жените на кои секогаш им било забрането да возат велосипед или моторцикл сега можат да одат само на одредени места.
Всушност “неименуваниот гласник” кој го дал известувањето додал дека на жените ќе им биде дозволено да возат велосипед само околу паровите и други рекреативни површини. Исто така тие мораат да бидат целосно покриени во склад со исламските обичаи и мораат да бидат во придружба на машки роднина што најмногу ја обесмислува и слободата која наводно ја добиле. Ова значи дека соло возење со велосипед до работа и понатаму е забрането за жените како што е и гласањето, многу спортови и низа други активности кои спаѓаат во основните човекови права.
Од “Арапската пролет” 2011 година и топлиот прием на Сара Атар, првата саудиска атлетичарка која се натпреваруваше на Олимписките игри во 2012 година, се стекнува впечаток дека женските права на Блискиот исток доживуваат извесен напредок./Б.Н.Т