Најсреќни професии!
Објавено на 24 април, 2013 во 11:00
Професионалните војници, директорите на компаниите за односи со јавност, пилотите, новинарите имаат најстресна работа додека најмалку стрес претрпуваат универзитетските професори, кројачите, библиотекарите и фризерите, покажала една неодамна објавена студија.
Eкспертите, направиле листа од 200 професии и количината на стрес ја мереле врз основа на физичкото ангажирање во работата, потенцијалната смртност, патувањата и профитот.
За најмалку стресни ситуации карактеристични се позитивните повратни информации кои се добиваат од клиентите. Луѓето кои ги добиваат воедно се и најсреќни, покажала студијата.