Делфините мистериозно умираат!
Околу Кејп Код, Мексиканскиот залив, Бразил и Перу бројот на загинати животни постојано расте. Од јануари до денеска бројот на мртви делфини се искачил на неверојатни 877. Кој или што е причината за ваквата појава?
Истражувачите се обидуваат на секој начин да дојдат до заклучок кој би го објаснил вака големиот број на мртви делфини а можниот виновник засега се гледа во појавата на некој нов вид на вирус или акустичните трауми.
”Станува збор за локални подрачја во кои експертите забележале висока стапка на болест и смрт само кај одредени видови на делфини и тоа кај оние кои живеат околу Кејп Код, Мексиканскиот залив, Бразил и Перу“,изјави Кони Баркли, портпаролка на американското Државно биро за океани и атмосфера.
Постои опасност од изумирање на поедини видови на делфини.
Кога се случува такво масовно изумирање постои опасност да снема цел вид на делфини, поради што сите се загрижени.
Причините кои ја зголемуваат смртноста на овој вид животни можат да бидат различни и тоа абнормалните временски услови, цветењето на отровни алги, паразити, се поголемите загадувања на морињата и океаните, губење на пленот што доведува до изгладнување, неснаоѓањето со се посилните звуци кои ги произведуваат бродовите, излевање на нафта и разни физички повреди.
Иако не се знаат точните причини, експертите во едно се согласуваат дека зад сето овa стои влијанието на човекот.