Игнорирајте ги озборувањата на работа!
Ако за вас на работа се шират лажни озборувања тоа би можело освен на меѓучовечките односи да влијае и нa вашата продуктивност.
Посакувајќи да го докажете спротивното, ќе трошите премногу енергија а би можеле да ја изгубите работата. На пример, ако се зборува дека сте во врска со претпоставениот, би можеле во желба да докажете дека тоа не е вистина да почнете да го избегнувате директорот или да почнете да го озборувате.
Затоа е најпаметно е озборувањата да се игнорираат. Задржете го добриот однос со шефот и правете се дека не ги забележувате шепотењата. Тие со време ќе престанат. Тоа ќе се случи кога колегите подобро ќе ве запознаат или кога ќе си најдат друга забава.
Но ако некој озборувач ве земал на пик, најдобро е отворено да го прашате зошто шири лаги за вас. Тоа нема многу да помогне ако личноста е навистина злобна. Во таква ситуација најдобро е озборувањето потполно да се игнорира бидејќи веројатно и останатите знаат дека таа личност е озборувач или озборувачка.