Бебињата на „Евиан“ повторно танцуваат
Објавено на 24 април, 2013 во 21:59
Се вратија танцувачките бебиња на позната минерална вода “евијан”. Автори на оваа несекојдневно и комично видео се “Betic Paris” . Насловено е како “Бебето и јас” и веќе е хит на социјалните мрежи “фејс бук” и “јутјуб”. Официјално беше прикажано на 21 април.
Рекламата се состои во огледување на возрасни во својот лик кога биле бебе. Рефлексиите се на излози, на врати од метроа и на сите можни улични стакла. Видете ги реакциите на нивните лица кога се видоа како танцуваат како бебиња.
И претходната видеореклама на „Евијан“ беше одлично прифатена и за кратко време стана хит на социјалните мрежи./В.Р
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=pfxB5ut-KTs{/youtube}