Како денес изгледа телото на една просечна жена?
Женската половина, во споредба со порано, е поширока за 18 сантиметри па се повеќе жени имаат фигура на правоаголник наместо на песочен часовник. Во изминатите педесет години женската фигура претрпела значајни промени.
Тенката половина и облините направиле Мерлин Монро да има тело за кое воздивнувале мажите и завидувале жените. Но нејзината класична фигура припаѓа на минатото.
Во споредба со педесеттите години, денеска, обемот на половината на просечните британски жени пораснал за речиси 18 сантиметри. Тие се поретко потсетуваат на некогашните идеали.
Ако се има предвид дека во 1951 година половината на просечната жена изнесувала 68,5 сантиметри а градите и колковите биле за околу 25,5 сантиметри поголеми нова студија утврдила дека во просек обемот на половината на денешната жена изнесува 86 сантиметри.
Жените денес се малку повисоки, во просек за 3,8 сантиметри.