Откриен уште еден голем ризик по здравјето за жените кои пушат цигари!
Белите дробови и целото тело трпат од последиците од пушењето а сега се покажа дека тоа влијае и на зглобовите. Кога ќе се остават цигарите штетните влијанија на организмот се ублажуваат но и тогаш не исчезнуваат во целост.
Ако на луѓето им треба само уште една причина за да го остават пушењето, ја открија шведските истражувачи.
Новата студија покажува дека на жените кои пушат само една цигара на ден двојно им се зголемува ризикот да им се развие ревматоидниот артритис, неизлечива болест која доведува до воспаление и ерозија на зглобовите.
Зголемениот ризик од развој на заболување на зглобовите бил ист независно од тоа дали жените пушеле една или седум цигари дневно а кај оние кои пушат една кутија или повеќе на ден ризикот се искачил на 70 проценти.
И додека откажувањето од пушењето до некаде ќе ја подобри состојбата, студијата, покажува дека дури и поранешните пушачи имаат зголемен ризик од ревматоиден артритис во споредба со жените кои никогаш не запалиле цигара.