Тестиран ракетниот погон на патничкиот вселенски брод
Историски лет се одвиваше деновиве над пустината Мохаве во Калифорнија – компанијата „Вриџин галактик“ изврши успешен тест на ракетниот погон за првиот вселенски патнички авион. Тоа беше клучен чекор во плановите за реализација на комерцијалните вселенски летови кои се очекува да почнат за една година.
Пробниот лет на авионот, во кој има место за шест патници, траеше 16 секунди, при што беше пробиен звучниот ѕид. Пред да го одржи самостојниот лет, авионот со специјалното летало-носач беше искачен на висина од 14 километри од каде го почна висинскиот лет.
Планирани се уште серија пробни летови, пред вселенското летало да ги достигне планираните 100 километри висина./В.Р
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=L7jxfY2ToEg&feature=player_embedded{/youtube}