Вистината е важна!
Објавено на 4 мај, 2013 во 09:03
Ако сакате да бидете покреативни, подигнете го таванот или, барем, престојувајте во простории со висок таван.
Стручните лица тврдат дека луѓето кои најголемиот дел од денот, па и животот, го поминуваат во простории со висок таван, размислуваат послободно, покреативни се во работата и подобро се чувствуваат.
Се смета дека високиот таван го поттикнува чувството на неограничени можности, додека нискиот ја блокира креативноста. Затоа, ако сакате да напишете книга, да осмислите работен проект или да донесете важна одлука, направете го тоа во просторија со висок таван.
Ќе беше добро да имавме сега некој од оние сиромашни писателски гении, да ни посведочи. Од каде ли ја црпеле тие нивната непресушна инспирација, под ниските тавани на малите, влажни и трошни сопчиња во кои твореле?!