Туркиш ерлајнс им забрани црвен кармин и лак за нокти на стујардесите
Објавено на 4 мај, 2013 во 14:36
Турската национална авиокомпанија Туркиш ерлајнс забрани стујардесите во авионите да носат црвен лак за нокти и црвен кармин за усни.
Целта е да се задржат „пастелните“ тонови на екипажот бидејќи природниот изглед подобрува комуникација со патниците.
– Како последица на фактот дека нашите униформи не се со црвена, темно розева или слични бои, користењето црвен карммин за усни и црвен лак за нокти, би го нарушило визуелниот интегритет, се вели во соопштение на компанијата.
Критичари тврдат дека одлуката е последица на влијанието на владините конзервативни и верски вредности./В.Р