Поради работа немате време за љубов?!
Во прилог на големиот број работни часови поради кои немаме време за љубов, стресот на работа го зголемува нивото на хормонот кортизол што ја прави жената помалку атрактивна за посилниот пол.
Машките испитаници го оценувале нивото на атрактивни женски лица а кај оние кои имале покачен хормон тој бил помал.
Истражувачите исто така откриле дека најатрактивни биле оние жени кои имале идеална градба на телото – не биле премногу слаби, ниту дебели. Тие наведуваат дека презафатените жени се помалку атрактивни бидејќи имаат лоша здравствена состојба која се рефлектира најпрво на лицето.
Кортизолот помага да се доведе во ред имуно системот и да го зајакне метаболизмот во стресни услови но неговата претерана продукција може да има негативни ефекти на здравјето и се поврзува со болести на срцето.
Сепак добра вест за жените со стресна работа е дека исто реагираат како и мажите –нивното ниво на кортизол расне кога се во близина на убава жена што за нив пак ги прави помалку атрактивни.
Затоа драги дами, научете да не реагирате бурно на се што носи работа и обидете се што помалку да реагирате на стресот!