Дали сте подготвени за брак?
Кога се одлучувате да застанете на луд камен обично тоа е во моментот кога сте вљубени но кога ќе помине вљубеноста ви останува единствено љубовта која се создава меѓу двајца луѓе. Дали сте подготвени за брак прочитајте понатаму…..
1. Кога сте со некого една година и се одлучете за брак,прво размислете дали сте подготвени со таа личност да бидете до крајот на животот. Ако ве плаши таа помисла веднаш откажете се
2. Пред да се одлучите за брак прво поразговарајте со партнерот за важни прашања во вашиот живот. Појдете од тоа дали двајцата сакате деца и дали сте подготвени да се откажете од некои работи еден за друг.
3. Морате да имате поддршка од пријателите и семејствата бидејќи без нив нема да можете со мирна душа да влезете во брак.
4. Многу е важно да имате исти интереси во животот бидејќи тие ги поврзуваат двајцата. Морате да водите сметка за тоа дали сакате исти работи за да не ви случи утре тој да сака да се пресели во некој друг град а вие сакате да останете на истото место
5. Морате да водите сметка за тоа дали ги согледувате недостатоците на својот партнер и дали тие навистина ви сметаат. Ако се уште не ги гледате тогаш сте заљубени но кога таа е помине можеби неговите недостатоци ќе почнат да ви сметаат
6. Важно е дека вашите пријатели и семејства меѓусебно добро се сложуваат бидејќи ако тоа не функционира нема ни вашиот брак.
7. Бидете сигурни дека ги преболевте бившите.
8. Бидете подготвени на тешки моменти и разни препреки во кои ќе се најдете кога со некој ќе стапите во брак.
9. Немојте да размислувате само за венчавка. Седнете и размислете како ќе изгледа вашиот брак.
10. немојте прерано да влегувате во брак. Морате прво добро да се запознаете еден со друг.
11. никако не смеете да се омажите само затоа што веќе сте во години и пошто зошто сакате да се омажите бидејќи сите пријатели ви се во брак,освен вие.
12. Ако се тешите дека лесно можете да се разведете ако вашиот брак не успее,немојте никако да се впуштате во него.