Фејсбук и љубов!
Вашиот партнер и вие сте во врска и сега одлучивте да бидете и пријатели на Фејсбук. Меѓутоа дали е тоа паметна идеја. Можете да бидете вие пријатели на Фејсбук но немојте постојано да го проверувате неговиот профил а во продолжение прочитајте и зошто.
1.Некој статус кој ќе го објави вашиот партнер или вие може да биде погрешно протолкуван. Доколку вашиот партнер објави дека не е расположен вие тоа ќе го протолкувате дека сте виновни за неговото нерасположение а тој можеби едноставно не е расположен само за други луѓе а не и за вас
2.Доколку сте зависни од статусите на Фејсбук вие двајцата нема да имате теми за разговор кога ќе се видите бидејќи ќе знаете се што се случувало тој ден. Затоа намалете ги малку објавите на вашиот ѕид.
3.Постовите на ѕидот од вашиот партнер кои се упатени од неговите бивши или од пријателки од ваша страна можат да бидат погрешно протолкувани па во вас може да се создаде љубомора и параноја. Тој не може да контролира што некој ќе му напише на ѕид па затоа и вие тоа немојте да го земате здраво за готово.
4. Изливите на љубов сочувајте ги за времето кога ќе го видите во живо бидејќи тоа што ќе го напишете на неговиот ѕид нема да има големо влијание на него. Тоа може да значи само дека сите ваши но и негови пријатели ќе ги знаат вашите чувства