Нека засјае вашиот тепих!
Кога ќе избирате тепих за вашиот стан или куќа секогаш трудете се тој пред се да изгледа убаво и да се вклопува во вашиот животен простор. Меѓутоа после некое време тој ја губи својата убавина,бидејќи веќе не изгледа ново. Најдовме неколку совети како вашиот тепих да засјае и после многу години.
Пред се тепихот морате редовно да го чистите со правосмукалка за да ја отстранете сета прашина и нечистотија од него. Најдобро би било тоа да го правете два до пет пати неделно во зависност од тоа колку често газете по него.
Важен е и изборот на четка на правосмукалката.Таа би требало да биде прилагодена на тепихот кој го имате а кесата на правосмукалката редовно празнете ја за да биде подобро чистењето.
Доколку ви се појават конци на тепихот отсечете го со макази. Никако не смеете да ги влечете или тегнете на сила. Дупките од мебелот ќе ги решите така што прво ќе го тргнете мебелот а потоа преку крпа загревајте го тепихот со фен и потоа со рацете поминете преку вдлабнатите делови.
Доколку ви се случи нешто да ви се излие на тепихот водете сметка за тоа како ќе ја исчистите дамката. Придржувајте се на упатствата кои се наоѓаат на етикетите за да не го оштетите тепихот. Во малку вода ставете детергент за садови и со мека крпа тријте ја дамката додека не исчезне.