Трикови против непријатниот мирис на чевли!
Омилените чевли по целодневното носење сигурно ќе имаат непријатен мирис. Не станува збор за лоша хигиена на стапалата туку за спојот меѓу потењето и чевлите што создава совршена околина за развој на бактерии.
За да го намалете или решите овој проблем не морате да ги фрлате чевлите или да ги уништите со перење туку побарајте решение во вашиот дом. Еве неколку експресни решенија за тоа…
1.Во внатрешноста на чевлите истурете сода бикарбона и оставете ги така да стојат преку ноќ. Наутро истресете ги или исчеткајте го правот од чевлите и од непријатните мириси ќе нема трага.
2.Ако сакате дополнително да ги освежете чевлите во шише со прскалка измешајте малку алкохол,вода и неколку капки етерично масло од лимон или портокал,па шприцајте во внатрешноста на чевлите и оставете во целост да се исуши.
3. Во памучна чорапа ставете прашок за печиво,сода бикарбона и пченичен скроб,па чорапот ставете го во чевлата. Оставете да стои така преку ноќ а утредента вашите чевли ќе бидат свежи.
4. Во чевла или чизмичка ставете по едно миризливо шамивче. Оставете ги додека не ги облечете. Тие ќе го впијат вишокот на влага и ќе остават пријатен мирис.