Искористете го картонот од јајцата!
Често пати кога ќе ги потрошиме јајцата го фрламе картонот во кој стоеле. Меѓутоа тоа веќе не мора да го правите,еве предлог како да го искористите.
За да се ослободите од гужвата која допира од другите станови околу вас,залепете картон од јајца на стиропор и со него обложете ги ѕидовите.
Картонот за јајца може да ви послужи за во него да направите мраз но пред да го искористете добро измијте го.
Картонот од јајца може да ви послужи и во него да засадете цвеќиња кои ги сакате. Така да картонот може да ви послужи и како расадник.
Ако немате каде да ги чувате ситните работи доволно ви е да имате еден картон од јајца каде ќе можете да ги сортирате сите работи за кои не знаете што би правеле со нив.
Доколку се селите картонот од јајца може да ви псолужи да ги обложите кутиите во кои ќе носите кршливи работи.