Вака ќе изгледа новиот Супермен!
Американската издавачка куќа Ди Си Ентертајмент во јуни на разни начини ќе го прослави 75 роденден на својот стрип јунак Супермен. Како прв роденденски подарок Супермен доби ново лого.
Во основа на тоа лого е силуетата на Супермен со сина боја додека со бела боја се напишани 75 години. Супермен секако, без контури на лицето, препознатлив е по својата наметка но и по незаобиколниот знак на гардите, кој овој пат е сино-бел.
Ова ново лого прв пат ќе се појави на кориците на стрипот “Superman Unchanged” кој ќе излезе на 12 јуни.
Директорот на филмската компанија Ворнер Брадерс кој е сопственик на Ди Си Ентертајмент,изјавил дека прославата на 75 от роденден на Супермен активно ќе почне во јуни но дека ќе трае преку цела година.
Супермен за прв пат се појави во јуни 1938,на кориците од првиот број од серијата стрипови “Action Comics”.