Исчистете ја пеглата!
Објавено на 3 јуни, 2013 во 08:50
За пеглата да пегла добро потребно е да се чисти редовно. Тоа најдобро е да се прави додека пеглата е се уште врела. Понекогаш е доволно со пеглата да преминете само преку штицата за пеглање додека е жешка.
За да ја исчистете плочата на пеглата преминете со неа врз влажна крпа или преку парче алуминиумска фолија. Можете исто така да земете парче весник на него да капнете малку растително масло па преминете со пеглата врз весник а потоа врз чиста хартија.
За да ги отстраните тешките дамки купете паста за чистење на пегла и нежно тријте ја со мека жица за садови.
Секој пат кога ќе завршите со пеглање испразнете ја водата од пеглата бидејќи на тој начин ќе спречите создавање на камен.