Прва петорка во Чешка!

Објавено: 2 јуни, 2013, во 19:27 часот

23 годишна мајкa ги роди првите природно зачнати пет бебиња во Чешка, пренесе Дејли Мејл. Александра Кинова со царски рез роди четири сина и ќерка.

Лекарите изјавија дека мајката и бебињата се на одделението за интензивна нега на Прашкиот институт за грижа за мајки и деца и дека имаат 95% шанси да пораснат здрави.

Таткото присуствуваше на породувањето. Кинова  веќе има син и тој помогна во изборот на имињата на неговите браќа и сестра. Даниел, Михаел, Алекс, Мартин и Терезка се новите членови на семејството.

Полот на сите бебиња не беше познат до породувањето бидејќи на секенирањето дел од нив биле скриени. Др. Збинек Странак кој го водеше породувањето изјави дека поминало без компликации.

Кинова која е од Миловице, североисточно од Прага со месеци се борела со чудењето како зачнала петорка без било какво лекување. Дури во последниот месец од бременоста таа дознала дека носи петорка.

Најпрвин докторите и рекле дека носи близнаци. Потоа, во март и кажале дека е бремена со четири деца. Дури минатиот месец дознала дека всушност, се работи за петорка.

За е-весникот Деник, таа изјави дека била шокирана кога и ја кажале веста. „Кога ја пронајдоа и петата глава почнав да плачам“, рече таа. Шансата за природно зачнување на петорка е еден на  милион. Мајката изјави дека и таа и нејзиниот партнер имаат историја на близнаци во семејствата./Н.Р

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.