Причини зошто бившите се враќаат!
Мажите се фасцинирачки суштества. Во еден момент не сакаат да бидат во врска, во друг имаат нова девојка, во трет се враќаат и молат за уште една можност. Ова се четирите најчести причини поради кои повторно ви тропаат на врата.
Се смениле
И сакаат да видите дека сега се нови, подобри мажи кои сфатиле дека згрешиле. Ова е само себичен начин да ни покажат како всушност не се толку лоши колку што ние мислиме, туку дека во моментот на врска со нас едноставно биле чудни. Ако мажот навистина се променил ова е одлична причина за повторно да се обидете но многу често е само неговото его кое не дозволува некој да има лошо мислење за него.
Вие сте се смениле
Новата фризура, неколкуте килограми помалку или поинаков став кон животот и во момент од досадна бивша девојка станувате девојка која не требало да ја остават. Добро е за женското его,но реално,ова е само начин за бившиот да ви каже дека сега сте доволно добри за него. Прашање е дали тој е сеуште доволно добар за вас.
Вашето ново момче
Ништо не ги отвора очите на бившиот како фактот дека сте среќна со некој друг. Неговиот натпреварувачки дух се буди а потребата да се покае дека тој е подобар од вашето ново момче толку е силна што едноставно мора пак да те има. Иако и тоа одговара на вашето его, враќањето на бившиот е лошо, бидејќи не му е дојдено до вас, само сака да го победи вашето ново момче.
Сфатиле што изгубиле
Понекогаш мажот едноставно сваќа дека згрешил и дека не требало да ја остави девојката. Ако навистина покаже дека му е дојдено и дека е подготвен да вложи многу повеќе труд во вашата врска не е лошо да му дадете уште една шанса. Можеби навистина се сменил на подобро.