Добри вести за вегетаријанците!

Објавено: 10 јуни, 2013, во 09:10 часот

Вегетаријанската диета е поврзана со подолг животен век судејќи по резултатите на новата студија објавени во журналот „JAMA Internal Medicine“.

Големото истражување спроведено на 73.308 испитаници покажало дека вегетаријанството го намалува ризикот од прерана смрт,особено кај мажите.

Стручњаците сакале да ја испитаат врската меѓу диетите и смртноста а резултатите покажуваат дека вегетаријанската исхрана ја намалува опасноста од добивање на хронични болести меѓу кои се високиот притисок,метаболички синдром,дијабетес и болести на срцето

Majkl Orlih од Универзитетот Loma Linda во Калифорнија и неговите колеги,ги истражувале причините за смртноста кај 73.308 припадници на Адвентистичката црква меѓу кои имало многумина кои сметаат дека вегетаријанската исхрана е препорачана библиска наука.

Сите испитаници сместени во пет групи невегетаријанци,полувегетаријанци,оние кои јадат риба и морски плодови,оние кои јадат јајца и млечни производи и оние кои ги исклучуваат сите животински производи од исхраната. Со истражувањето е утврдено дека вегетаријанците почесто биле постари,пообразовани ,во брак,консумирале помалку алкохол,помалку пушеле,повеќе вежбале и генерално биле послаби.

За време на истражувањето кое траело 6 години, умреле 2.570 лица а нивото на смртност во вегетаријанските групи било за 12 отсто пониско од невегетаријанските групи.

Овој однос дополнително е изразен кај мажите кај кои е забележано значително помала смртност предизвикана од кардиоваскуларни болести, додека кај жените во таа категорија не е забележано значајно намалување на смртноста.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.