Време е да живеете!

Објавено: 18 јуни, 2013, во 07:37 часот

Понекогаш ви се чини дека немате време, се чувствувате омалаксано, се сметате искористени, не гледате смисла на својот живот и немате воља. Време е да се откажете од некои работи и да почнете да живеете.

Многу луѓе се трудат да им угодат на другите па постојано им купуваат подароци. Меѓутоа времињата се сменија, буџетите ограничени, пa љубовта кон саканите повеќе не може да се покажува на таков начин. Подобро замолете ги своите пријатели да се дружите заедно во домот на еден од вас и времето да го поминете во квалитетно другарување.

Врските со пријателите од детството со кои веќе немате ништо заедничко и кои ве заморуваат со своите приказни и проблеми веднаш прекинете ги. Дружете се само со луѓе кои се полни со позитивна енергија која ќе ја пренесат и на вас.

Секогаш се трудиме сите обврски да ги завршиме на време па макар тоа да значи понекогаш заостанатата работа да ја донесеме во домот.

Малку застанете и запрашајте се дали ќе пропадне светот ако нешто не сте стигнале да направите.

Оставете се, излезете, прошетајте или едноставно одморете се. Се она што заостанало ќе ве чека и утре а можеби ќе имате повеќе сила и воља  и побрзо ќе ја завршите работата.

Животот е премногу краток за да го трошиме на работи кои не заморуваат. Опуштете се и уживајте!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.