Дали да се носат чорапи во лето?
Објавено: 24 јуни, 2013, во 09:54 часот
Штом жажеже себеси секогаш се прашуваме дали чорапите ги штитат нашите нозе во лето или само го помагаат потењето. Треба да ги носиме ,но и какви да одбереме?
Стопалата имаат многу потни жлезди околу 250 илјади. Нашите нозе се потат и без никаков напор. Уште повеќе се потат ако стоиме цел ден, ако е топло или им е тесно во патиките поточно чевлите направени од вештачки материјали.
Памучните чорапи ја чуваат потта со кожата и можат да доведат до неугоден мирис и појава на жуљеви.
Без чорапи, голема количина на пот се апсорбира во влошките или горниот дел од обувката па се потребни 24 до 48 часа потполно да се исушат. Бактериите кои живеат на нашата кожа лесно се размножуваат во топла, мрачна и влажна околина, тие се викаат tinea pedis а можат да се прошират и на препоните.
Атлетското стапало предизвикува црвенило, оштетена кожа и чешање, особено меѓу прстите. Може да се прошири и на ноктите па да ги направи жолти а бактериите можат да доведат и до секундарна инфекција која ги прави нозете црвени и потечени.
Чорапите со собирањето на потта го намалуваат ризикот од атлетско стапало но само ако се менуваат барем еднаш дневно. Влошките во чевлите делуваат на сличен начин. Доколку сепак сакате да одите без чорапи би требало постојано да ги менувате обувките за да можат целосно да се исушат.
