Цвеќе за чист воздух во станот!
Сакате воздухот во вашиот дом да биде секогаш чист? Не морате да се мачите со постојано проветрување или купување на скапоцени апарати за прочистување на воздухот.
Пронајдовме за вас кои растенија би требало да ги имате во станот а кои ќе ви помогнат воздухот да ви биде почист.
Пред се скапоцено е декоративното растение. Отпорно е на нагла промена на температурата,не смеете да го држите на провев и треба редовно да го туширате за да се одржи во живот. Ја намалува количината на состојки кои испаруваат од средствата за чистење,лаковите,разредувачите,спрејовите и дездорансите.
Фикусот не поднесува нагла промена на температурата .На лето лисјата треба да се мијат со млака вода на секои осум дена. Го неутрализира чадот од цигари ја намалува концентрацијата на јаглен диоксид,јаглен моноксид и хемикалиите кои се наоѓаат во боите и лаковите.
Папратот е растение кое бара доста влага и не сака директно сонце. Најдобро би било да год ржите во кујна или купатило а помага во намалување на концентрацијата на супстанци од лепакот,боите,детергентите,ткаенините и завесите.
Кактусот е најмалку тешко растение за одржување. Не бара посебна нега. Ја намалува концентрацијата на испарување на органски материи и го апсорбира штетното електромагнетно зрачење.
Алое вера не сака директно сонце и мора да се залева еднаш неделно. Ја намалува концентрацијата на испарување на органски материи,го впива електромагнетното зрачење на телевизорот,мониторот,микробрановата и мобилниот телефон.