Дали навистина го сакате ?
Иако сте во врска со човек за кој сметате дека е вистинскиот дали некогаш сте се запрашале, го сакате ли навистина или сами се лажете.
Можеби тој физички ви се допаѓа како и неговото опкружување, материјално богатство кое го има, неговите пријатели а сето тоа може да ве залаже дека го сакате.
Меѓутоа треба да се запрашате како тој се однесува со вас и дали можете да го засакате од внатре исто како што го сакате однадвор.
Ако веќе неколку месеци сте во врска и сте вложиле многу труд за таа да успее никако не сакате да го оставете тоа што сте го создале. Меѓутоа вие вашиот партнер не го сакате како што треба. Тој вам всушност ви служи само како трофеј со кој себеси си докажувате дека нешто вредите.
Жените во главно копнеат по мажи кои не можат да ги имаат и кои не можат да им го пружат она што тие го сакаат. На тој начин нема да постигнете ништо освен што ќе бидете несреќни.
Подобро изберете маж за кој сте сигурни дека ќе ви го пружи тоа што го сакате а таков маж сигурно ве сака и лесно ќе го освоите.