Бидете добра девојка!
Можеби сте вие дна од оние девојки која смета дека доколку биде лоша спрема својот партнер тој повеќе ќе ја почитува. Меѓутоа ако покажете дека сте добра девојка можете да се изненадите колку партнерот ќе ви биде благодарен на тоа.
1. За да му покажете дека ви е дојдено до него слушајте го внимателно додека разговара со вас. Не е важно за што зборува но ако зборува за тоа веројатно му е многу важно. Тој ќе сфати дека ја има вашата поддршка и ќе знае тоа да го цени.
2. Работите кои што сте ги правеле пред да стапете во врска со него не смеат да бидат заборавени. Работете ги и понатаму бидејќи на тој начин ќе му покажете дека имате свое јас и дека имате полно самодоверба. Сигурни сме дека нема да може да ви одолее.
3. Немојте да бидете една од оние девојки која секогаш е намуртена и не е расположена за разговор со никого. Бидете духовити и трудете се секој пат да го насмеете на свој начин. Тие обожаваат девојки кои имаат смисла за хумор без оглед во какво друштво се наоѓаат.
4. без оглед дали му е роденден или нема некој посебен повод изненадете го. Тоа можат да бидат некои ситници како што се да му ја направите омилената вечера,купете му го омиленото чоколадо или изнајмете филм по негов вкус.