Разни начини за парење на лицето!
Парењето на лицето е метод со кој ќе го исчистите лицето и ќе ги отвори порите кои ако се затворени ќе резултираат со иритација на кожата и инфекции. Затоа парењето на лицето е одличен начин да ја отстраните сета прашина,нечистотија и мртви клетки на вашето лице. Еве неколку примери за тоа.
Топла вода
Земете сад и наполнете го со вода. Зовријте ја водата и намалете ја температурата. Истурете ја водата во сад и ставете ја на маса. Наведнете се над садот и ставете крпа преку глава. Ако е водата претопла тргнете го лицето подалеку од садот. Парете околу 15 минути додека водата не излади. Измијте го лицето со ладна вода. Ставете малку оцет на памук и избришете го лицето со него.
Растителна пареа
Ако сакате дополнителна корист од растенијата за време на парењето на лицето тогаш можете да пробате растителни средства. Се што морате да направите е да ги ставите растенијата во лонец и да варете. Ако имате сува кожа,лаванда или камилица ќе биде корисна за вас. Ако вашата кожа е мрсна тогаш одлучете се за кадуља или рузмарин. Ако имате нормална кожа лаванда или роза ќе биде идеална за вас.
Пегла на пареа
Наместо вода која врие можете да користите пегла на пареа. Тоа е одличен начин да го напарете вашето лице. Таа ги отстранува сите нечистотии оставајќи го вашето лице чисто и свежо. Погрижете се потоа да го хидратизирате вашето лице.
Туш
Вклучете туш и чекајте водата да стане врела. Затворете ја вратата за да ја здржите пареата на едно место. Нека вашето лице ја впие пареата. После тоа исчистете го вашето лице и хидратизирајте го.