Како да ја сочувате линијата на годишниот одмор ?

Објавено: 8 јули, 2013, во 08:00 часот

Би било штета да го фрлите целиот труд кој сте го вложиле за да го доведете телото во добра форма пред летото!

Сите обично се фокусираме на тоа да ослабeме пред одмор но тоа не треба да ви биде изговор да претерувате со јадењето кога ќе дојдете на саканата дестинација. На одмор сте,слободно уживајте во храната и слаткиот келнер додека ви го носи вториот коктел по ред. Но користете ги нашите стратегии за време на одморот за да се вратите преродени а не надуени.

1. Направете приоритети

Останете верни на вашата вообичаена рутина – јадете за појадок и ручек она што би го јаделе и дома. Чувајте се за вечерата која е обично и најзабавниот оброк.

2. Исправете ги грешките

Ако изедете многу за ручек јадете помалку за вечера. Придржувајте се на правилата и после претерување со храна,следниот оброк нека биде здрав ресет.

3. Сочувајте за подоцна

Бидејќи не ја подготвувате сами својата храна бидете внимателни со големината на порцијата. Обично се двојно поголеми отколку што би требало, па оставете го во чинијата она што не можете да го изедете.

4.Замена

На одмор,среќниот час почнува обично околу 2 или 3 попладне и тоа потполно го поддржуваме. Но ако планирате да пиете до длабоко во ноќта,заменете ги алкохолните пијалаци со безалкохолни.

5. Уживајте

Ако ви е омилен пијалок вистинска калориска бомба како на пример, пинаколада, испијте една а потоа преминете на друг, помалку калоричен пијалок, на пример сечена вотка или направете бокал сангрија- бело вино, кисела вода ,агава и свежо овошје.

6.Лесна ужина

Одолејте на искушението „снек бар“ така што ќе понесете на плажа рачен фрижидер со овошје,оревести плодови,мусли плочки и сендвичи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.