Нов изглед на куклите Барби !
Објавено: 12 јули, 2013, во 09:47 часот
Куклата Барби со години претставуваше стандард на женската убавина со кој на девојчињата им се наметнуваше неприродниот слаб изглед и невозможните пропорции како идеал.
Последните години поради големите кампањи против анорексија и оваа кукла беше мета на критики. На оние кои Барби ја изедначуваат со промоција на анорексија и сметаат дека негативно влијае на психата на девојките кои подоцна можат да имаат сериозни здравствени проблеми им се придружи и американскиот уметник и истражувач Николај Лам кој во настојувањето на компанијата “Mattel”да ја убеди да произведува пореални кукли,ја направил Барби со телесни пропорции на просечна 19 годишна девојка. Оваа кукла е нешто пониска од правата Барби и со многу поголеми облини.
Што мислите вие – дали е време Барби да добие реални пропорции?
