Како до повеќе пари во домот ?

Објавено на 5 август, 2014 во 07:43

Вистина е дека што повеќе имаме, тоа повеќе ни треба. Нашите потреби растат пропорционално со нашите можности, но за бргу ги престигнуваат. Па ако сакате секогаш да бидете во чекор со своите желби, можат да помогнат магични ритуали.

Сепак, мора да имате на ум дека во животот ништо не паѓа од небо и дека обредите за привлекување пари нема да делуваат ако вие самите не превземете нешто. И среќата ги сака вредните. Овие ритуали се моќни, но не прават чуда. Тие ќе го позлатат вашиот труд, ќе ви помогнат во остварување на работните планови, да го наплатите тоа што сте го сработиле, но нема да ви донесат ковчег со изгубено богатство пред прагот.

Активирајте ја зоната на парите
Еден од најмоќните начини за привлекување пари е активација на зоната на богатство. Таа зона се наоѓа на југоисточниот дел на вашата куќа или во најдалечниот лев агол од просторијата, а се активира со помош на свежа вода. Затоа во тој дел од станот или собата ставете фонтана, аквариум со златни рибки, кристали, паричка и дрво на парите.

Бришете прашина
Во зоната на богатството секогаш мора да владее ред. Не дзволувајте на предметите кои ви се за обред да има прашина. Ако вашиот магичен предмет е аквариум со златна рибка, водата во него мора секогаш да биде кристално чиста, а ѕидовите на аквариумот без бигор. Секако, водете сметка и за рибити и верувајте додека тие ви се живи и здрави нема да ве следи финансиска криза.

Замислете си дека сте богати
Ефектот од овие материјални атрибути би бил појак ако ги дополните со вербални афирмации.
Афирмациите напишете ги на хартија и закачете ги во зоната на богатство, па можете да си ги кажувате на глас кога се наоѓате во тој дел од домот. Меѓутоа, за да успее овој ритуал, морате живо да си ја претставите ситуацијата во која тоа што го изговарате веќе се исполнило.

Магични зборови
Богата сум
Моите финансии се стабилни
Се што работам ми носи профит
Мојата сопственост се зголемува
Можам да си дозволам се што ќе посакам

Сакајте ги парите, но искрено
Ако вашите мисли за парите се негативни, парите сигурно ќе ве избегнуваат. Да земеме дека вие сакате да бидете добростоечки, но ги презирате богатите и ултрауспешните луѓе. Ако сметате дека парите се нешто нечисто, спротивно од било каква духовност, ако верувате дека “богатите плачат”, вашата желба да имате пари ќе биде блокирана од тој негативен однос кон материјалните добра. За да привлечете пари, треба да ги сакате каде и да се наоѓаат – во вашите или туѓите џебови.

Радувајте се кога добро им оди на другите, само така ќе им сигнализирате на вишите сили дека сакате пари.

Ако ви е тешко да ги контролирате мислите и чувствата, прво почнете да ги контролирате зборовите, затоа што мислите ги артикулираме со говорот.

Повторувањето на афирмативните фрази ќе ви помогне да го смените негативното мислење кое ги одбиваше парите од вас.

Ако за своите финансиски проблеми ги обвинувате родителите, пријателите, партерот, државата, богаташите – само ќе тапкате во место, а вашите разочарувања и проблеми ќе останат во вас.

Повторувајте како ги обожувате парите, како богатството е вистинска среќа, како и дека парите ве сакаат… тоа ќе ги избрка негативните мисли, затоа што магијата работи по принципот на замена. На пример, ако чаша полна со нечиста вода ставите под чешма, во неа за брзо ќе се најде чиста вода.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.