Најчести суеверија во Македонија
Суеверијата се стари колку и самата вера, познати се од дамнина, некогаш посилно се изразени, а некогаш послабо зависно од тоа колку луѓето се придржуваат на принципите на исправното верување, односно колку се оддалечени од постулатите на чесниот ислам.
Самиот збор (поим) суеверие зборува околу нешто што е придодадено во вера, а обратното од тоа е чистото и неисквареното учење, кое се коси со начелата на паганизмот, бидејќи тоа му штети и го уништува човекот во случај да се најде при него. Аналогно на ова, суеверието интензивнио е изразено во друштвото тогаш кога се заборава на чистата вера и кога се газат нејзините принципи, а помала е интензивноста тогаш кога верата во Аллах[1], џелле шануху, завзема место кое нејзе и припаѓа, а тоа е највисокото место, како би се поврзале луѓето со нивниот Господар (Аллах, џелле шануху) и како би постигнале смиреност во душата, телото и интелектот и како би живееле среќен живот на овој свет и стекнале вечна среќа на идниот свет – ахирет.
Суеверието исто така е јако во кризни времиња, во моменти на голем страв и неизвесности. Настанува од потреба дека човекот има барем илузија дека ќе се променат животните околности кон подобро, макар и сами посебе. Спрема тоа постоењето на суеверието е доказ дека човековото битие е создадено заради верата, т.е. обожавање на Единствениот Аллах, а кога ќе се изгуби свеста и знаењето околу чистата вера, луѓето тогаш почнуваат да обожаваат дрва, камења, луѓе, животни, пари, и да прават ритуали кои мислат дека ќе го отстранат злото или опасноста од нив…
Еве некои најчесто сретнувани македонски суеверија:
Потковица
Се верува дека закачена потковица на влезната врата од домот го штити семејството и носи среќа. Имено, потковицата мора да биде поставена со отворениот дел нагоре за да ја „собира“ среќата. Во спротивно, се постигнува обратен ефект.
Детелина со четири листа
Во природата, многу потешко и поретко се наоѓа детелина со четири листа, па затоа оваа несекојдневна тревка се смета за носител на среќа. Постојат неколку легенди кои ја пратат оваа билка. Една од нив е дека Ева со себе понесела детелина со четири лисја кога го напушташе Рајот. Исто така, старите друиди (старокелтски свештеници) во Англија верувале дека детелината со четири лисја има волшебни својства. Едно од тие верувања се базираше на тоа дека секој кој ќе пронајде детелина со четири лисја добива можност и способност да ги гледа лошите суштества како што се вештерките и ѓаволите (шејтаните) па така може да ги избегне. Во стварност детелината со четири лисја е иста како и обичната детелина, само што има дегенериран ген кој ги одредува бројот на листовите.
Среќни инсекти и животни
Среќни инсекти се сметаат покрај останатите и пајакот, бубамарата и еден цицач -лилјакот. По тоа суеверие, нивното здогледување донесува среќа. А дали е тоа баш така? Во грчката митологија пајакот бил принцеза која богињата Атена го поканила на натпревар во ткаење, и бидејќи била победена и понижена се претворила во пајак. Се верува дека гледањето на пајакот наутро донесува љубов а навечер надеж. А ако пак пајакот се убие или му се уништи мрежата донесува несреќа.
Со вакви суеверија полни со митовите кои остро се спротивставуваат на тевхидот[6] и чистото исламско учење. А содржуват и елементи на реинкарнација што исто така муслиманите не треба да ги веруваат, а тоа е основа на верување кај будистите и хиндусите. Сето ова ни дава до знаење дека треба срцата да ги очистиме од наведените суеверија Животот и смртта ги дава само Аллах џелле шануху. Болеста и здравјето се од Аллах како и среќата и несреќата. Несреќата и злото можат да се спречат и надминат само со стална дова и молба на Аллах.
Црна мачка
Спротивно на претходните две, црната мачка како суеверие е симбол на несреќа. Уште од времето кога видовитите жени ги убивале и ги прогласувале за вештерки, ова „мрачно“ животинче им ги пренасочува патиштата на сите суеверни луѓе. Се знае, ако виделе црна мачка се враќале неколку чекори наназад или, уште повеќе, тргнувале по сосем друг пат.
Подоцна и морнарите почнале да ја коментираат својата судбина врз основа на однесувањето на мачката. Така што, кога мачката поминувала покрај нив, тоа би значело дека ќе го прати среќата, а ако му премине само до пола пат, па потоа се врати, тоа бил лош знак. Верувањето дека мачката има девет души (животи) потекнува уште од старите Египќани, кои ја обожавале мачката. Тие се восхитувале на нејзината виталност и способност да преживее пад од голема височина, па од тоа произлегло верувањето дека мачката има девет души. Исто така, мачката ја довеле како предмет на обожавање во врска со нивното тогашно Тројство, кое го сочинувале, Таткото, Светиот дух и Синот. Три пати по три бил најголем израз на искажување на чест, па така е и створено верувањето дека мачката има девет души.
Црната мачка посебно се смета за “злобница” зашто потсетува на темната внатрешност на земјата и на огнот. Ова е секако еден од најзастапените и најопасните форми на суеверие кое пуштило корени во психата на многу муслимани, иако верувањето во знак на несреќа во гледање црна мачка е понижување на својот разум. Како и од каде мачката да покажува на несреќа? Каков доказ постои за тоа? Никаков. Лек против овој, како и против другите суеверија е во верување и потпирање (тевеккул) на Аллах, џелле шануху. Возвишениот рекол: “Врз Аллах нека се потпираат верниците.” “…Аллах, навистина ги сака оние кои се потпираат врз Него.”
Оџачар
Ова ми е едно од најинтересните суеверија кај нас. Доколку видите оџачар, луѓето велат ќе имате среќа. Но, тоа не е сè! Веднаш откога ќе го видат, се фаќаат за копче од облеката и во истиот момент замислуваат желба – со умисла дека ќе се оствари! Дилемата на крајот останува – кој ја исполнува желбата: оџачарот или вие самите и за кого? Каде е Бог во сето ова кој ги исполнува сите желби?
Петок 13-ти
Точното потекло на ова суеверие не е познато. Поврзано е со неколку немили историски случувања што се одвивале токму на петок 13-ти и се задржало до ден-денес. Токму на тој петок си имате оправдание и објаснување за преполниот паркинг, огромниот метеж во сообраќајот, лошото расположение…што е погрешно.
Скршено огледало
Нема некој што не ја познава несреќата и суеверието на скршеното огледало. Велат дека носи несреќа цели седум години, ни повеќе ни помалку. Колку е жално за еден човек да за себе мисли дека е казнет 7 години.
Паричка
Сигурно уште во раното детство сте пронашле паричка и ви кажале дека носи среќа. Неважно дали е монета или банкнота, за двете важи истото. Некој мислејќи дека таа среќа доаѓа од фонтани и од споменици, ги фрлаат паричките во тие места и им ги полнат џебовите на џебарошите . Во овој контекст влегува и паричката за бадник. Среќата доаѓа само од Единиот Бог. Запомнете го ова.
Чукни во дрво
Кога некој ќе спомене негативен исход од некоја наредна ситуација, треба да чукнете во дрво и тоа три пати за да го истерате злото. Најновиот изум на една британска компанија говори дека ова суеверие е глобално раширено, но и сè уште актуелно. Тие продаваат парчиња од дрво што можете да ги залепите на паричникот, на воланот или дури и на мобилниот телефон, за ако, не дај боже, се најдете во ситуација да треба да чукнете во дрво, а дрво никаде нема.
Познато е дека америчките пилоти тропале во дрво во текот на полетување на пистата. Со ова суеверие одат до таму, дека некои од нив инсистирале на овој обичај, сакајќи со тоа да постигнат среќа и успех.
