Што најчесто, во 2019-та, туристите заборавале во хотел?
Објавено: 16 јануари, 2020, во 09:54 часот
Вработените во еден голем британски хотелски ланец направија список со најчудните работи што туристите ги забораваат во хотелите, пренесува Дејли Мирор.
Најчесто, гостите забораваат на четки за заби и полначи за мобилни телефони.
Но, во 2019 година, тој список е исполнет со 1,5-метарска еднорозна фигура направена од цвеќиња, свадбен подарок украсен со скапоцени камења и огромна сјајна месечина што служела како позадина за фотографии од венчавки.
Еден посетител ја заборави урната со посмртните останки од татко му, а друг скапоцена семејна реликвија – 65-годишно дрво – бонсаи. Меѓу невообичаените заборавени работи има и книга со автограми на познати луѓе чии потписи гостинот ги собирал веќе три децении. Овие предмети подоцна биле вратени на нивните сопственици.
Меѓу необичните предмети што се наоѓале во собите и просториите, собарките се сеќаваат на шише вода од Лох Нес, пар двометарски вештачки палми, телевизор од 190-сантиметри, скоро двометарски ангелски крилја, па дури и персиска мачка по име Ангел.
