Најскапиот автомобил продаден во 2020 е произведен во 1934 година (видео)
Објавено на 4 јануари, 2021 во 10:09
04.01.2020
Аукциската куќа „Gooding & Company“ во 2020 година продаде возила во вредност од 125 милиони долари, од кои повеќето се стари модели.
Највисока цена достигна „Bugatti Type 59 Sports“ од 1934 година, продаден за дури 12.681.550 американски долари, иако оваа цена е за милион долари помалку тоа што продавачот барал.
Станува збор за спортски модел од францускиот производител што се појавил за првпат во 1922 година, а во следните години учествувал на разни трки во Гранд При и постигнал одлични резултати. Овој автомобил триумфирал на „Спа“ патеката во Белгија, додека на трката во Монако завршил трет.
Мите Јаначков