Едноставни пет чекори до совршено обликувани веѓи

Објавено на 5 октомври, 2022 во 12:27

Изразот „веѓите се рамка на лицето“ не е случаен. Правилно обликуваните веѓи можат да ја трансформираат шминката и да ги истакнат очите на најубав начин. Во продолжение следи детален водич во пет чекори за да ви помогнеме да постигнете професионален резултат – самостојно.

Чекор 1: Чистење

Отстранете ги остатоците на шминка од веѓите и исчешлајте ги со чиста четка.

Чекор 2: Точна форма

Користете ја четката за да ја пронајдете точната форма што треба да ја имате. Ставете ја на двата краја на носот, за да видите од каде треба да започне секоја веѓа одвнатре, а потоа поставете ја дијагонално на страната на носот – под агол од 45 степени – за да видите каде треба да заврши.

Чекор 3: Отстранете ги несаканите влакненца

Отстранете ја несаканите влакненца со пинцета, конец или депилација. Депилацијата е една од најстарите методи на отстранување на влакна која ги отстранува влакната од корените без да предизвика иритација. Идеално за чувствителна кожа.

Чекор 4: Пополнете ги веѓите

Ова е проследено со опционално пополнување на празнините со посебен молив за веѓи. Мали и лесни движења нагоре помеѓу влакната ќе дадат идеален резултат.

Чекор 5: Завршен допир

Гел за веѓи или проѕирна професионална маскара ќе ви помогне да ги стабилизирате веѓите и да им дадете професионален изглед.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.