Фејсбук губи 3,6 милиони долари дневно поради блокадата во Русија

Објавено на 7 март, 2022 во 11:30

Соопштено е дека причината за блокадата е „дискриминација на руските медиуми“ во 26 случаи и ограничувања по наредба на Министерството за одбрана, Звезда, РИА Новости, Спутник на странски јазици, каналот Раша Тудеј (РТ), Лента и Газета.

Компанијата заработува 19,68 долари по корисник во Европа, според статистичарите, а во Русија имала 66 милиони корисници, додека по блокадата таа бројка сега, логично, е нула, пишува Bankar.me.

На тој начин компанијата ќе губи 3,6 милиони долари дневно поради блокадата, што е 1,3 милијарди долари годишно.

Тоа е нешто повеќе од 1% од годишниот приход на компанијата Мета, бидејќи во 2021 година заработиле 117,9 милијарди долари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.