Хороскоп трпеза!
Водолиите ја зголемуваат телесната маса од мрзеливост бидејќи често јадат брза храна, Рибите имаат чуствителен желудник, Биковите страдаат од чести алергии, а Лавовите и Овните имаат проблем со прекумерната тежина. Откријте какви обичаи имаат хороскопските знаци во врска со исхраната.
Овен
Јадете мали оброци но почесто без оглед колку обврски имате. Вие сте личност која станува многу вознемирена кога е гладна.
Бик
Вечерата на Биковите секогаш треба да биде задоволувачка. Дивеч, јагнешко и пилешко месо се добар избор за овој знак. Подгответе ги со многу зеленчук.
Близнаци
Избегнувајте ги јаките кафиња и житариците, тие не се створени за вас. Јадете со семесјтвото или пријателите бидејќи со нив ќе јадете помалку.
Рак
Лесно ја добивате непосакуваната тежина, иако многу внимавате на бројот на калории. Јадете само кога сте целосно смирени, инаку ефектот би бил спротивен.
Лав
Неможе да живеете без вкусни сендвичи. Подгответе ги со многу зеленчук и здраво месо како мисиркино или печено пилешко.
Девица
Не јадете премногу леб и тешка храна. Одбегнувајте се што е мрсно, зачинето и обидете се додека јадете повеќе да џвакате.
Вага
Пробудете се малку порано од вообичаеното и подгответе си појадок, кој ќе ви донесе енергија за целиот ден. Така што во текот на денот и вечерта јадете помали порции.
Шкорпија
Не пијте алкохол додека работите. За вас водата е најздравиот пијалок, но ниту чаша вино нема да му штети на вашиот организам.
Стрелец
Избегнувајте неквалитетна храна и лоша атмосфера. И едното и другото ќе ве онерасположат, па ќе јадете премногу.
Јарец
Обожавате да готвите, но не и да експериментирате. Сепак, наполнете го фрижидерот со храна која брзо се подготвува. Идеален избор е туната.
Водолија
Научете да престанете да јадете во моментот кога ќе почуствувате дека е доволно, дури и ако тоа е против вашиот карактер.
Риби
Рибите треба да ја избегнуваат киселата храна, рен и пржена сланина. Тие имаат многу чуствителен желудник кој лошо реагира на тешки јадења.
