Подароци за Нова Година според хороскопот!
Сеуште не знаете што да им поклоните на најблиските за Нова Година?
Може ќе извлечете малку од ѕвездите. Овој ѕвезден водич за поклони може да го искористите и за оние кои ги познавате добро, но и за оние кои не ги познавате толку добро а сепак се на вашата листа на подароци.
Овните сакаат технологија
Овенот како вистински огнен и тврдоглав знак обожува оригинални подароци, но немојте да се чудите доколку Ви каже дека не сака ништо. Тој всушност гори од желба да добие нешто. Постојано имајте го на ум нивниот динамичен животен стил и дека овните се постојано во движење. Иделен подарок за тврдоглавиот овен е црвен часовник, најновиот мобилен телефон, најновите патики или билети за спортски натпревар.
Биковите ќе бидат воодушевени со книга со рецепти
Бикот е домашен тип и секогаш ќе ги цени подароците кои имаат практична вредност. Тие обожуваат да готват и секако да јадат, па разни кулинарски изненадувања се она што бикот потајно ќе го очекува. Идеален подарок за бикот се книга со рецепти, топол шал и капа, парфем или пак уметничка слика.
Близнаците очекуваат нешто оргинално
Близнаците се креативни и авантуриските настроени па затоа и подароците за нив мораат да бидат во согласност со нивниот откачен стил на живот. Тие ги обожуваат новогодишните утра и се радуваат на отворањето на подароците, но најмногу ќе се израдуваат доколку тие се навистина оргинални. Идеален подарок за нив се мобилен телефон, компјутер, уметничка слика или патување.
Раковите сакаат уникатни подароци
Ракот е воден знак кој е многу емоционален и сентиментален, па при купувањето подароци мора да водите сметка и за тоа. Нему важно му е подарокот да биде уникатен и наменет само за него. Идеален подарок е отмена вечера со семејството во нивниот омилен ресторан, добро вино, чевли или пак касичка за пари.
За Лавот само гламурозни подароци
Лавот како огнен знак обожува сè што е модерно и гламурозно. Лавовите најмногу ќе се радуваат ако под елката најдат нешто што сè уште никој го нема. Идеален подарок за лавот е најновата технологија, облека со креаторски потпис, најновиот албум на нивната омилена група или пак некој скап и гламурозен подарок за во домот.
Девиците сакаат практичен подарок
Девиците се практични и таков подарок ќе очекуваат за Нова Година. Сепак, имајте на ум дека тие секогаш знаат што сакаат и дека подароците кои немаат цел нема да им се допаднат. Идеален подарок за педантните девици е нивната омилена книга, сет за маникир, прирачник за здрав живот, часовник или уметничка слика.
Вагите ќе бидат одушевени од елегантните подароци
Вагите сакаат сè што изгледа убаво. Но, немојте да заборавите на нивната променлива природа и немојте да се зачудите ако денес подарокот им се допаѓа, а утре веќе не. Затоа, купете нешто елегантно и едноставно. Идеален подарок за вагите се сребрените обетки, елегантен шал од кашмир, кожни ракавици, свилена вратоврска или пак некое егзотично патување.
Скорпиите се таинствени околу подароците
Скорпиите се мистериозни и ретко кога ќе кажат што сакаат да најдат под елката. Нив тешко ќе ги задоволите со обичен подарок затоа што се оргинални и таинствени. Идеален подарок за нив би било егзотично милениче, квалитетно и добро вино, добра мистериозна книга, енциклопедија или миризливи свеќи.
Патувањето е идеален подарок за Стрелците
Стрелецот многу сака да биде во движење и постојано сака да е на некое друго место. Затоа за него најдобар подарок е некое патување, без разлика дали е до Охрид или пак до некоја далечна земја. Идеален подарок за стрелците се патувањата, книга со патеписи, мотор, велосипед или пак билети за концерт.
На Јарците подарете им практични работи
Јарците се амбициозни и многу ја сакаат својата работа, па посакуваат и подарокот да има врска со тоа. Сакаат корисни и практични подароци, па затоа од листата веднаш исфрлете ги подароците поврзани со украсување на куќата или собата. Идеален подарок за јарецот се пижами, топли папучи, шал, паричник, книга или прибор за бричење.
Водолиите сакаат откачени подароци
Водолиите се посебен знак кога се работи за подароците. Тие се оргинални и секогаш ќе очекуваат и таков подарок. Немојте да се изненадите ако не им се допадне Вашиот подарок, тие едноставно се такви. Идеален подарок за секоја откачена и пребирлива водолија се сребрениот накит, друштвените игри, масажер, необични украси или пак влезници за театар.
Рибите сакаат сентиментални подароци
Рибите се сентиментален знак кој не сака скапи подароци. Немојте никако на подарокот да ја оставите цената бидејќи рибите навистина ќе Ви се налутат. За Нова Година подарете им нешто што има врска и со Вас и со нив. Идеален подарок е рамка во која ќе ставите Ваша заедничка фотографија, добра љубовна книга, новиот албум од нивната омилена прејачка/пејач или група, привезок или друга ситница со ликот од омилената серија или билети за театар или кино каде ќе отидете се разбира заедно.