Хороскоп свекрва!
Ако знаете во кој хороскопски знак е родена вашата свекрва, овој интересен хороскоп ќе ви ги открие сите нејзини тајни.
Овен: Таа сака во сè да биде прва и најдобра. Секогаш е во движење и на низок старт. Сака да наредува, па кога ќе го направи тоа со својот сопруг и синот, можеби вие ќе дојдете на ред.
Совет: Не земајте сè при срце и обидете се да ги смирите страстите, но на крајот додадете нешто иронично.
Бик: Оваа жена не треба да биде во комбинација со жените кои имаат тенки нерви. Сака да се вмеша секаде. Пред вас ќе вели дека имате ист вкус и ви се допаѓаат исти нешта, но зад вас ќе си тера по свое. Важи за тврдоглава личност.
Совет: Не попуштајте ни вие и надевајте се дека вие ќе издржите докрај.
Близнаци: Овие жени се одлични на зборови и ги карактеризира лукавоста. Прво забележуваат кои се болните точки, а потоа напаѓаат. Таа сака да биде дел од сè.
Совет: Не очекувајте да ве советува нешто околу домашните обврски, бидејќи за неа куќата е само еден голем проблем и не би сакала да разговара за неа. Не ѝ ги отворајте ваквите теми, за да имате подобра комуникација.
Рак: Под нежната слика на мајка, можеби се крие нешто опасно. Раковите се едни од „најстрашните кога станува збор за ваква поделба. Не шегувајте се со нив и имајте на ум, дека со венчавката можеби сте ја добиле и неа во ист пакет со сопругот.
Совет: Обидете се да ја добиете нејзината доверба, а потоа почнете и малку да терате по свое.
Лав: Тие сакаат да наредуваат и не ги интересира ништо повеќе. Одат само напред и притоа не се грижат што мислите вие, ниту, пак, ве погледнуваат. Можеби би биле позадоволни ако знаете дека сепак не реагира така со лоша намера, туку едноставно оваа жена е таква по природа.
Совет: Бранете ги своите ставови за да ѝ покажете дека би требало барем малку да го смени однесувањето, бидејќи не може да „си игра“ со вас.
Девица: Ако имате ваква свекрва, нема да поминете лесно. Можеби понекогаш ќе почне и да ве нервира тоа што таа е премногу прецизна. Позитивно е тоа што во себе има чувство за дискреција, па нема да го меша носот премногу во вашите работи. Сепак, не заборавајте дека тогаш кога ќе реши да се вмеша – решено е! Таа е како пајак кој плете мрежа од околу, за на крајот сите да се согласат со нејзините ставови и критериуми.
Совет: Само подалеку од неа!
Вага: Ваквите жени важат за едни од најпрефинетите меѓу хороскопските знаци. Таа е секогаш средена од глава до петици, па ако забележи дека нешто недостасува кај вас, најчесто околу средувањето на домот, ќе добиете префрлување во истата секунда.
Совет: Игнорирајте ги нивите парчиња што ги облекува и не давајте никаков коментар за нејзината нова фризура.
Скорпија: Не очекувајте дека лесно ќе поминете. Можеби на моменти ќе видите дека сака да помогне, но мора да имате на ум, дека голема е веројатноста, дека по овој ќе дојде момент во кој е подготвена да „згази“ сè пред себе. Во вакви ситуации таа на би го поштедила ниту сопствениот син.
Совет: Ќе мора да одлучите дали ќе бидете пријатели или непријатели со неа, но потрудете се да биде првата опција, инаку црно ви се пишува.
Стрелец: Таа може да ви прераскажува од утро до мрак, па нема да се досадувате ако ве интересираат нејзините муабети. Сепак, добро е што знае кога треба да престане и чувството за праведност кај неа е посебно изразено.
Совет: Со неа играјте како психолог!
Јарец: Тешко дека некогаш ќе ја победите, бидејќи е силна и упорна. Уште потешко би можеле да ѝ ја најдете слабата точка. Сепак, кога ќе ви треба помош, таа прва ќе ви помогне. Благодарение на нејзината мудрост, ќе ви помогне да излезете и од најкомплицираниот проблем со нејзините едноставни, но ефикасни совети.
Совет: Доколку некогаш имате идеја да ја вознемирите, дадете лош коментар на сметка на нејзиниот изглед.
Водолија: Тие се многу весели знаци. Ако сакате по дома постојано да ви е средено, не правете го тоа само поради себе, туку и поради неа, бидејќи на неа не ѝ е гајле како е во нејзиниот дом, но кога ќе влезе во вашиот сигурно ќе има забелешка. Повеќе би ја интересирало нешто што вам ви се чини како банално, отколку тоа што ќе се готви утре за ручек. Слободата ѝ е најважна.
Совет: Ќе се согласувате добро, сè додека не ѝ пречите.
Риба: Се претпоставува дека таа многу го разгалила нејзиниот син, односно вашиот сопруг. Токму затоа и нему понекогаш можеби ќе му биде потребна неговата мајка, повеќе од што претпоставувате.
Совет: Доколку живеете заедно, единствен начин да имате добро да функционирате е да станете како неа!