Антихороскоп!
Кои се негативните карактеристики на секој зодијачки знак?
Овен
Лесно се лутат, мора секогаш да победуваат, мора цело време да бидат во право и постојано да имаат контрола.
Во суштина се самобендисани типови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во сè. Причината, најверојатно, е нешто „мало“ на нивното тело. Тие се како бебиња – ако не е по нивно, чувајте се!
Истакнат претставник Адолф Хитлер
Бик
Посесивни, алчни, тврдоглави, мрзеливи, експлозивни и љубоморни.
Во суштина се самозадоволни молчаливи мочковци, здодевни како клуб на филателисти. Тие би јаделе и пиеле со денови. Притоа, нивната тврдоглавост, доколку не ги послушате, прераснува во агресија.
Истакнат претставник Садам Хусеин
Близнаци
Не само што имаат „две лица“ туку повеќе се „подвоена личност“, непостојани, склони кон флерт, површни, лукави, лесно им станува досадно, немирни и напнати.
Во суштина се главни озборувачи и трачери, поткажувачи и превртливци со двојни мерила кои се менуваат секои 10-15 минути. Веројатно и Јуда бил близнак. Гледајте да ги немате во близина.
Истакнат претставник Џон Ф Кенеди
Рак
Наметливи, променливи, преемоциоанлни, лесно го менуваат расположението, живеат во минатото.
Во суштина се посесивни персони, се навредуваат ако не им посакате добро утро со правилна интонација. Го менуваат расположението како ќе им дојде на ум и се затвараат во соба – да си поплачат.
Истакнат претставник Џорџ Буш помладиот
Лав
Арогантни, сакаат да шефуваат, нетолерантни, егоцентрични, премногу бараат од другите и имаат голем сексуален апетит.
Во суштина се полни со големи планови за сè што на крај им користи само ним (како да им е гајле за другите). Празни муабети и фалење – тоа им е смислата на животот.
Истакнат претставник Слободан Милошевиќ
Девица
Перфекционисти, се грижат премногу, конзервативни, строги, груби и премногу критикуваат.
Во суштина се опсесивно-компулсивни невротици кои се ослободуваат од стрес со чистење на станот, сложувајќи ја облеката и порцеланот. Премногу бараат, здодевни се во барањата и ни премногу не им е доволно.
Истакнат претставник Мајкл Џексон
Вага
Лековерни и наивни, лесно потпаѓаат под влијание, склони кон флерт, срамежливи и плитки.
Во суштина се нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател, им треба една недела да се одлучат сакаат ли да нарачаат „кока-кола“ или „пепси“. Толку се мрзливи што е вистинско чудо како воопшто стануваат од кревет.
Истакнат претставник Владимир Путин
Скорпија
Мрачни, љубоморни, опсесивни, таинствени, сакаат да контролираат и многу се лутат.
Во суштина се самосожалувачки автодеструктивци кои ни својата кожа не можат да си ја поднесат, па мораат да повлечат уште 100 луѓе со себе. Утре да е крај на светот, тие не би се грижеле, веројатно би учествувале во садо-мазо оргии.
Истакнат претставник Хилари Клинтон
Стрелец
Брутално искрени, безгрижни, неодговорни, површни, немирни, преголеми оптимисти и склони кон флерт.
Во суштина се расипи-куќи и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмот им е толку голем што да оживат мртви за нив е сосема возможно. Се ужасуваат да признаат дека го познаваат чувството на тагата.
Истакнат претставник Сталин
Јарец
Пресериозни, престроги, опседнати со работата, алчни, песимисти и држат лутина.
Во суштина се вистински тирани и робови на работата, веруваат во судбина до последен збор, а „извини“ не постои во нивниот речник. Би го продале задникот за општествен статус, сакат да се фалат, нарцизоидни типови што мислат само на себе.
Истакнат претставник Ал Капоне
Водолија
Далечни и одвоени, студени, преинтелектуални, помалку перверзни, непредвидли и осамени.
Во суштина се вулгарни и непристојни перверзници, вечно заинтересирани за приватниот живот на другите. Веројатно не изненадува фактот дека според статистичките податоци, најголем број од шпионите на ЦИА се токму водолии.
Истакнат претставник Карла Дел Понте
Риби
Премногу фантазираат, преголеми идеалисти, бегаат од реалноста, таинствени, премногу осетливи, лесно се навредуваат.
Во суштина се здодевно романтични и меланхолични, чекаат некој да дојде и да ги утеши, не можат ни во веце да одат без туѓа помош. Изгледаат како немтур, а во нив се случува вистинска бура од тага.
Истакнат претставник Бин Ладен