Како се бакнуваат хороскопските знаци ?

Објавено на 5 август, 2013 во 07:11

Секој бакнежот го доживува на разни начини па така и хороскопските знаци бакнежите ги доживуваат на разни начини а ние пронајдовме за вас кои стилови на бакнување се за секој хороскопски знак.

Овен – Бакнежот на Овенот е енергичен,силен и впечатлив. Овенот на овој чин пристапува воодушевено и знае како да го запали партнерот.

Бик– Бикот се бакнува лесно,сензитивно и цврсто. Биковите сакаат пред самото бакнување да се галат или партнерот да го земат за рака.

Близнаци – Близнаците се променливи па така и нивните бакнежи. Доколку се одлучите да се бакнувате со Близнаците сигурно нема да се разочарате.

Рак – Бакнежот со Ракот е згоден. Тие самите често го иницираат бакнежот но нема да ве остават без здив. Со нив ќе ви биде пријатно.

Лав – Овој бакнеж ќе ве турне од нозе. Само опуштете се и препуштете се.

Девица – Бакнежот на Девицата е совршен,чувствителен и внимателен. Нивниот бакнеж е комплетен.

Вага – Вагите сакаат да го задоволуваат партнерот н очекуваат и партнерот да им возврати. Секој бакнеж на овој знак е единствен а со нив задоволството нема да изостане.

Скорпија – Скорпиите се страсни па така и нивниот бакнеж. Нема тоа да ви биде голем предизвик но морате да се насочите на бакнежот.

Стрелец – Стрелците секогаш сакаат повеќе од она што го добиваат. Доколку сакате да освоите стрелец бакнежот повторувајте го повеќе пати.

Јарец – Јарците се бакнуваат елегантно,префинето и нецелосно. Тешко дека ќе добиете бакнеж од Јарец.

Водолија- Тие сакаат бакнежи кои се изненадни и необични. Правете се дека не ве интересира бидејќи тоа е единствен начин да ги привлечете.

Риби – Рибите ќе ве бакнат само ако мирисате убаво. Рибите се бануваат нежно,со чувства и внимателно а на вас е само да возвратите на ист начин.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.