Какви здравствени проблеми може да имате ако не пиете доволно вода?
Препорачаната дневна количина на вода за мажи е три литри, а за жени 2,2 литри. Доколку не ја следите оваа препорака, може да наидете на неколку здравствени проблеми.
Иако постојат многу причини за главоболка, дехидрацијата е главниот виновник. За да избегнете идни главоболки, пијте вода во текот на денот наместо да чекате поради жед да се чувствувате лошо пишува „Eat This, Not That“.
Кога не пиете доволно течности се јавуваа и тврда столица, пренесува Klix.ba.
Ако сте љубител на кофеин и пијалоци заситени со шеќер, имајте на ум дека треба да се обидете да пиете повеќе вода. Тоа ќе ви помогне да го избегнете чувството на ненадеен недостаток на енергија што обично се јавува еден час или два по пиењето на нездрав пијалок.
Лекарите докажале дека метаболизмот на учесниците во истражувањето се зголемил за 30 отсто откако испиле само половина литар вода. Доколку се обидувате да ослабете, водата особено ќе ви помогне во овој процес.
Не можете да се фокусирате на задачата која треба да ја остварите? Ова може да биде поврзано со дехидрација. Водата сочинува дури 80 проценти од мозокот, а дури и мал недостаток од неа негативно влијае на меморијата и вниманието.
Ако веќе забележувате дека вашето срце чука побрзо од вообичаено, тоа може да биде предизвикано од недоволно пиење вода. Просечниот нормален пулс во мирување за возрасен се смета дека е помеѓу 60 и 100 отчукувања во минута, стои во текстот.
Кога не пиете доволно течности, вашето срце мора да работи понапорно за да пумпа крв низ вашето тело, предизвикувајќи таа да чука побрзо. За да му овозможите на вашиот кардиоваскуларен систем да работи поефикасно, започнете го денот со многу течности и редовно посегнувајте по вода во текот на денот.
Дума.мк