Малолетниците во Австралија ќе имаат пристап до социјалните мрежи само со согласност од родителите
Објавено: 25 октомври, 2021, во 13:44 часот
Австралија планира да воведе одредба со која се бара родителите да се согласат за користење на социјалните мрежи од лицата помлади од 16 години.
Според предлог-законот што денеска беше објавен, компаниите што стојат зад социјалните мрежи се соочуваат со казни до 10 милиони австралиски долари (7,5 милиони американски долари) доколку не ја почитуваат одредбата.

