Мобилниот телефон, штетен за вашето здравје!
Колку станавме зависни од паметните телефони најдобро ни покажува неодамнешното истражување чии резултати се објавени на сајтот – Online Psychology Degree. Поголемиот дел од корисниците на паметни телефони спие со своите мобилни миленичиња, и им претстаувува првата работа која ја гледаат пред да заспијат и кога се разбудуваат, додека третина од нив попрво би се откажале од сексот отколку од нивниот мобилен телефон.
Неверојатните податоци за зависноста од мобилните телефони се должи на интернетот!
Така што дури 90% од сопстевниците на паметни телефони на возраст од 18 до 29 години во текот на ноќта го држат телефонот во нивна близина (во кревет, под перница или пак под кревет), а најголем број од нив пред спиење, доколку не гледаат телевизија го користат мобилниот или таблет уредот за сурфање на интернет, пишување пораки и слично. Освен што голем број на корисници ги проверуваат своите телефони пред да заспијат и веднаш штом се пробудат, дури 50% од нив го проверуваат телефонот и во текот на ноќта кога се будат.
Исто така, една четвртина од корисниците не го исклучуваат телефонот на нечујно и во текот на ноќта околу 10% од нив се будат неколку пати поради пристигната порака, меил или повик во текот на ноќта.
Оваа зависност од телефони, таблети како и лап-топ уреди не делува позитивно на здравјето.
Податоците покажуваат дека 63% од луѓето не спијат доволно, и освен што спијат премногу малку, поради премногу гледање во екранот, луѓето се потешко заспиваат и се потешко се разбудуваат.
Овие здраствени нарушување со намалување на сонот, може да предизвикаат стрес и депресија, но исто така се и потенцијални предизвикувачи на собраќајни несреќи.
20% од собраќајните несреќи се поврзани со недоволно спиење, а проблемите со спиењето го зголемуваат ризикот од срцев удар ( спиењето со помалку од шест часа на ден го зголемува ризикот од срцев удар за 50%).
Поради сите овие причини кои ви ги наведовме, кога одите на спиење кажете и добра ноќ на технологијата па потоа на вашето семејство.