Среќен роденден СМС!
Првата кратка текстуална порака е пратена точно пред 20 години, на 3 декември 1992 година во Велика Британија.
СМС е акроним склопен од првите букви на три англиски зборови, „Short message service“, односно сервис на кратки текстуални пораки.
Сервисот, првично бил смислен за операторите да праќаат кратки пораки до своите клиенти, но доживеал огромен успех и е еден од најкористените методи за комуникација ширум светот.
Нил Папворт, 20 годишниот инженер на Водафон во тоа време, е „виновен“ за создавањето на смс пораките. За првата пратена порака, тој употребил компјутер кој го поврзал со мобилен телефон, приклучен на ГСМ мрежата на Водафон. Сепак, тој не ја пратил првата порака од мобилен до мобилен, тоа го направил еден стажист во Нокиа во 1993 година.
Денес постојат и нови можности за праќање на смс пораки преку паметните телефони, кои користат Вибер, Скајп и разни други апликации, преку кои пораките се бесплатни. Сепак, класичните смс пораки остануваат омилени поради тоа што функцционираат на сите телефони и со сите оператори, дури и на оние кои немаат пристап на интернет, без оглед на тоа што се наплатуваат.
