Кое е највалканото место во вашата куќа?
Даската на тоалетната шолја дефинитивно има репутација на највалкана. Во секојa куќа, тврдат научниците има многу нечистотии на најразлични места, а за некои навистина ќе се изненадите.
Просечната даска има 50 бактерии на 2,5 квадратни сантиметри. Професорот по микробиологија доктор Чак Герб проучувал како болестите се пренесуваат преку животната средина, ги проучувале домашните предмети, барале фекални бактерии, особено staphylococcus aureus и ешерихија коли. По анализата дошле до интересен заклучок: телефонската слушалка е повалкана од даската во тоалетот.
„Копчињата на телефонот се идеално место за разни бактерии, на тастатурата на телефонот има 200 пати повеќе микроорганизми отколку на шолјата“, изјавил Герба.
На овој домашен апарат ретко кој гледа како да е валкано место, па затоа ретко се чисти, што уште повеќе допринесува за зголемување на нечистотијата.
Кујна
Во кујната најголема опасност извира од сировото месо кое се подготвува. Даските за сечење и чукање се вистински проширувачи на нечистотијата, како и сунѓерите и крпите за бришење на најразличните површини.
Научниците дошле до сознанија дека Австралија и Канада се земји во кои хигиената е на завидно ниво, додека Малезија и Индија се на самото дно на листата “хигиеничари”.
Купувањето е опасно
Количките и корпите за купување во продавниците исто така се заразни места. Луѓето не размислуваат за тоа, но вируси најлесно се пренесуваат токму преку рацете.
