Блогерски трикови!

Објавено на 7 декември, 2012 во 12:31

Блогерското поле е широко во оваа Интернет револуција, па затоа ви носиме трикови за привлекување на повеќе читатели.

 

1. Искажете го своето мислење

– Луѓето ги сакаат блоговите поради тоа што ги пишуваат “обичните луѓе”, а не корумпираните. Луѓето сакаат да знаат што другите мислат, а тоа значи дека сакаат да знаат и што вие мислите.

 

2. Линкувајте

– Својот пост поддржете го со линковите од сајтот каде што сте ги земале информациите.

 

3. Скратете

– Дадете максимален број на информации во што помалку зборови. Луѓето во денешно време се најчесто зафатени и немаат време да читаат долгометражни текстови.

 

4. Делови

– Доколку имате многу работи да кажете, распоредете ги во неколку постови т.е. на делови.

 

5. Наловите да бидат привлечни

– Насловот не треба целосно да го опишува текстот, туку да биде примамлив, впечатлив и интересен.

 

6.Вклучете набројување

– Сите сакаме пописи, но доколку се прегледни, па затоа набројувањето е одличен трик за вашиот блог.

 

7. Прегледност

– Направете праграфи, тоа што е важно болдирајте го, а насловите и поднасловите посебно истакнете ги.

 

8. Бидете уникатни со стилот

– Луѓето сакаат да знаат што може да очекуваа,т па доколку сте ги навикнале на еден стил на пишување, не го менувајте неочекувано и оддеднаш.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.