Инстаграм се збогува со Твитер!

Објавено на 10 декември, 2012 во 10:11

Кога Марк Зукенберг го купи Инстаграм за милијарда долари, вети дека ќе го одржи независен и поврзан со постоечките социјални мрежи. Од пред некој ден тој ја забрани опцијата за споделување слики на Твитер.

Реално гледано, од гледиште на бизнисмен ова е сосема добра одлука за Фејсбук, бидејќи со споделување на сликите на Твитер, истиот прави свои посети од тоа, што на некој начин значи дека Фејсбук му помага во тоа. Овој пат Фејсбук решава едноставно да не му помага.

Но од корисничка гледна точка, ова би било предавство. Но не, Систром на конференцијата во Париз во средата објасни дека Зукенберг не рекол да го направи Инстаграм целосно независен, туку само поврзан со постоечките мрежи, така што и сега е поврзан со твитер и корисниците можат да постираат таму, но не слики.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=F56CmjkG1gg{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.