Што зборува кафето за Вас!
Како пиете кафе?
Германски психолог тврди дека врската меѓу млечната пена покажува кои и какви сме навистина ние.
Гледањето на кафе е веќе надвор од мода. Она што порано беше напишано во талогот од кафето, сега се крие во пената на капучиното или во млечната пена на макијатото.
Професор по психологија Alfred Gebert од Универзитетот Münster тврди дека начинот на кој пиеме кафе, открива повеќе за нашиот катактер отколку што на прв поглед изгледа.
Хедонисти
Љубителите на кафето кои полека уживаат во секоја лажичка млечна пена, се вистински хедонисти. Тие се великодушни и шармантни, но не се премногу толерантни.
Ослободители
Ако пената ја тргате со една лажица за да направите “дупка” за да можете да додадете шеќер во кафето, големо внимание и придавате на естетиката. Негувате свој стил и живеете живот според свои правила. Често сонувате и заборавате на реалноста.
Перфекционисти
Луѓе кои не започнуваат со пиење на кафе пред добро да ја измешаат пената, тежат кон совршенство. Големо внимание придаваат на деталите па затоа околината ги смета за ситничари.
Љубители на традицијата
Изгледот на пената е најважен за вас, и неможе да замислите добро капучино без какао на врвот. Во пената уживате лажица по лажица со што рамномерно ја распоредувате. Конзервативни сте, но од навика црпите безбедност. Не сте склони кон авантури, повеќе ги сакате ритуалите.
Креативци
Пената ја тргате на една страна, обликувате брда и долини. Креативни сте и разиграни, па поради тоа често ја заборавате конечната цел.