Подвижен автомат за еспресо кафе!
Објавено на 19 декември, 2012 во 14:25
Ако планирате да патувате за новогодишните празници, спремете се за повеќечасовно возење и чекање на граници.
Handpresso Auto e машина за еспресо кафе, која ќе ги реши сите ваши проблеми со спиење и досада!
Повеќе нема да имате потреба да застанувате на секоја бензиска пумпа и да пиете кафе. Оваа машина работи на 12 волти и приклучок од автомобил. Доволно е да внесете кафе и шол под машината која е практична, мала и ефикасна за да ја почуствувате оригиналноста на еспресо кафето.
Инаку кафето доаѓа во капсули, гратис со машината која чини околу 150 евра, а за подготвување на еден шол кафе на машината и се потребни само три минути.
Фантастична идеја, нели?