Како да заштедите пари?
Постојат многу креативни начини кои може да ви помогнат да заштедите пари, а и понатаму да уживате како досега.
1. Организирајте собир со вашите пријателки каде што ќе ги размените оние парчиња од гардероберот кои не ги носите одамна.
2.Сите ситни парички кои ќе ви останат на крајот од денот, ставете ги во касичка. Ќе се изненадите колку ќе заштедите за само една недела.
3. Со оглед дека теретаната повеќе не е евтина, може слободно да се обидете да вежбате со иновативните ДВД серијали или пак клипови од Јутуб во вашиот дом. Се што ви е потребно е малку волја.
4. Колку повеќе ја носите новата облека, толку побрзо ќе ви треба нова, затоа ви предложуваме неколку трикови. Пред перење на дуксерот закопчајте го патентот за да не ја оштети другата облека. Торбите чувајте ги во кеси на полици, а црната облека перете ја по три-четири облекувања (осевен ако не е премногу нечиста).
5. Покрај вашата канцеларија се наоѓа кафетерија каде што прават многу убаво кафе? Заборавете на тоа! Направете си кафе од дома и во термос однесете го на работа, за две недели ќе се изненадите колку сте заштедиле.
6. Сметките за мобилен телефон ви се превисоки? Намалете ја тарифата или пак префрлете се на припрејд!
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)